Во посета на Меморијалниот музеј ,,11 Октомври”

Во посета на Меморијалниот музеј ,,11 Октомври” или познат како Участокот, кој е нем сведок и симбол на започнувањето на Народноослободителната борба во нашиот град херој и во нашата држава. Непокорноста, љубовта кон татковината и патриотското чувство се главните белези кои ce вткаени во духот на овој музеј и не учат за крвавата борба за слобода на нашиот народ. Нешто што на ваков начин и преку посета на вакви институции ќе им биде пренесено и на идните генерации.