Предучилишна
Важни цели на програмите за предучилишна возраст се да им помогнат на децата да стекнат социјални вештини и да им ги дадат потребните алатки пред да влезат во училиште.
За
предучилишната програма во Royal Kids House
Градинката е многу важна за децата. За нив тоа е подготовка за училиште. Промената на околината е голем чекор во социјализацијата на вашите малечки. Ги развиваме комуникациските вештини, притоа децата учејќи основни правила и бон тон во комуникацијата со другите околу нив.
Игра, забава, дружење, креативност е она што не карактеризира издвојувајќи не од останатите. Патувања на интересни дестинации каде што децата можат да се запознаат со убавините на нашата татковина, се дел од нашата програма за збогатување на културата.
Гордо можеме да се пофалиме со приредбите кои со љубов ги подготвуваме со нашите вредни и трудољубиви деца.
Индивидуална грижа
Нашата предучилишна група вклучува:
- Независни активности во мали групи кои поттикнуваат истражување и откривање
- Пристапи за учење кои се прилагодуваат на секое дете и ги вклучуваат нивните силни страни и интереси
- Наставна програма која поддржува креативно изразување, писменост, музика и многу повеќе
- Можности за градење самодоверба за решавање проблеми и донесување одлуки
- Практики за безбедност и чистота кои ги исполнуваат или ги надминуваат сите државни, локални и национални употреби
Наши вредности и принципи
Мудро учење и убаво воспитување по пат на друштвени игри, забава и секојдневие исполнето со позитива. Усвојување на моралните вредности и принципи од најрана возраст е наш приоритет. Да го направиме светот околу нас поубаво место на живеење, да правиме добри дела, да бидеме хумани и препознатливи по тоа. Негувањето на културата, традицијата и обичаите на нашиот народ како дел од нашата програма.
Секојдневни активности
Наставната програма вклучува работилници на предучилишна возраст кои нудат практични пристапи за поттикнување на вештините што ќе му бидат потребни на вашето дете во училиште и пошироко:
- Секојдневна математика: Интегрирање на броеви во рутини од реалниот живот
- Готвење со рецепти: Готвење во кујната за да научите за броење, мерење и дропки
- Школа за убаво однесување: Со читање на разни содржини, децата развиваат фантазија, го оплеменуваат јазикот и умот да бидат културни и убаво да се изразуваат
- Геогрфска работилница: Запознавање на децата со својата земја, обичаи, религии. Запознавање на други држави и градови
- Школа за спорт: Децата развиваат одредени моторички способности, се врши едукација за здрава храна и учат од најрана возраст да засакаат физичка активност и да стекнат здрави навики
- Ликовна работилница: Учат да развиваат и да разликуваат боја и текстури. Цртањето им овозможува слободно да се изразуваат, што е од голема важност за да истакнат мисли и чувства
Возрасти