Во пресрет на Роденденот на нашата татковина, започнавме активности со кои го одбележуваме и славиме денот на модерната Македонска држава. Имено, бевме во посета на изложбата под наслов ,,Македонија во светот на хералдиката”, во галеријата на НУЦК Марко Цепенков, каде децата имаа можност да се запознаат со Македонското знаме.