Среќни вести. Имаме нов член во семејството на Слоу Фуд Училишни градини. Тоа е едукативниот центар Royal kids house од Прилеп.
Во проектот за изработка на градините учествуваа ученици од дневниот престој на возраст од три до шест години (мала група) и од седум до десет години (голема група).
Вклучени наставници: Јелена Биќанин, Марија Јорданоска, Мери Рикалоска, Невенка Талеска и Наташа Ристеска.
Проектот започна во мај, а траеше до октомври. Во училишните оранжерии беа засадени домати, пиперки, магдонос, кромид, нане, салата, спанаќ и морков. Во тек е сеидба на зимската реколта. Браво мали вредни градинари. Ја имате поддршката од Слоу Фуд Прилеп, Слоу Фуд Водно и Слоу Фуд Македонија 😃