7 ми април Светски ден на здравјето ♥️
🩺👩⚕️ Нашите мали лекари на „своето работно место“ – во матична амбуланта!
По повод Светскиот ден на здравјето, денес ставивме акцент на една од најхуманите и најблагородни професии – лекарската.
Преку едукативна и забавна активност, дечињата имаа можност да се запознаат со основните принципи на лекарската работа, да ја почувствуваат важноста на грижата за другите и да го доживеат светот на медицината одблиску.
💚 Искажуваме голема благодарност до амбуланта Десоски за топлиот прием и соработката!
Со вакви искуства, ги учиме децата на вредности, емпатија и одговорност уште од најрана возраст.