Дневен престој

Royal kids house организира Дневен престој за сите ученици од прво до петто одделение кој се реализира според изготвен Наставен план и програма и се одвива секој наставен ден.
Програма

за дневен престој во Royal Kids House

Современиот начин на живот за сѐ поголем број родители ја наметнува потребата за грижа за детето по завршување на редовните часови. Домот често го изложува детето на многу опасности, а стравот и загриженоста на родителите на детето во текот на работниот ден ја наметнуваат потребата за организирана грижа за децата.
За време на Дневниот престој учениците  ги изработуваат домашните задачи, го повторуваат наставниот материјал, се надоградуваат со нови знаења, работат на компјутери, имаат слободни ученички активности (игри, ликовно, музичко, физичко и здравстврно образование и сл.) учествуваат во културно-уметнички настани, имаат организирани прошетки и посети на културни објекти и знаменитости  и други активности.
Продолжената настава и учењето, како организација во која ученикот покрај учењето ќе се чувствува слободен, работејќи со своите другари. Учениците треба да го почувствуваат Дневниот престој како организирана хармонична целина за работа-учење, творење, дружење, одмор, забава, во амбиент кој во многу се разликува од амбиентот во кој се изведува наставата и другите училишни активности, а кој се доближува до родителскиот дом.

Цел и задачи на дневниот престој

373692778_316858797504767_883555352371114208_n
366319958_305885415268772_2777354612163563376_n

Работа со ученици

Во дневниот престој учениците се вклопуваат со согласност од родителот. Децата во дневниот престој се запознаваат со правилата на однесување кои треба да се почитуваат, се запознаваат со основните хигиенски услови и навики. Се одржува личната хигиена и естетскиот изглед на работните и помошните простории како и околината на дневниот престој.
Работата на учениците во дневниот престој се изведува со зададени цели и задачи според ориентациониот план на дневните активности на учениците.

Училишни активности

Работата со учениците се состои во:
Улогата на наставникот за време на учењето се состои во:
310236223_185660693957912_5223040248111896280_n
363907133_299294559261191_2794384018399637217_n

Слободни активности

Слободните активности се збир од најразлични видови активности каде што доаѓа до израз слободата на личниот избор на учениците.  Овие активности најчесто се оформуваат по желба на учениците, но сепак мотивирани и  поттикнати од наставникот.  Целта на слободните активности е преку нив учениците да се одмараат, релаксираат и опуштаат.  Со дозвола тие сами да одберат со какви  активности  ќе се занимаваат им се дава до знаење дека Дневниот  престој е место различно од наставата, дека тука можат да си играат, да се забавуваат, да го продлабочуваат меѓусебното другарување и почитување. Но, слободните активности се реализираат и преку изучување на интересни содржини, стекнување навики и добро воспитување.
Овие активности се усмерени каде слободата доаѓа до израз со личниот избор на ученикот. За поуспешно остварување на целите и задачите овие активности се организираат по области: