За нас

Им помагаме на детските умови во своето обликување преку забавни и едуактивни активности.

Нашите почетоци

Нашата Royal – приказна започна со мотив и инспирација за создавање на нешто ново, каде што низ игра, забава и дружење децата ќе стекнат вештини кои имаат особено значење во воведот и текот на образовниот процес.

Се започна од почетокот на 2022 година, кога како дипломирани педагози и психолози настапивме со голем ентузијазам и желба за вложување во детскиот раст и развој.

Креативноста беше наш двигател и насочувач во планирањето и постигнувањето на поставените цели. Со користење на методи и техники од најрано детство, да стигнеме до дете кое што верува во себе.

Од ден на ден нашето семејство стануваше се побројно и поголемо.

Нашата заедница

Соработката со родителите за нас е од голема важност. Со доаѓањето на детето кај нас, родителите добиваат партнери во воспитувањето на своите деца. Можност за обострана соработка со цел најоптимално насочување на детето. Изготвуваме извештаи, испраќаме фотографии од реализираните работилници и активности, одржувајќи комуникација со родителите на неделно и месечно ниво.
Спроведуваме неделна и месечна комуникација со испраќање на фотографии од реализираните работилници и информации што е сработено.
Користиме забавни стратегии, засновани на истражување за да им помогнеме на децата да развијат вештини за рано учење, како основа на нашата програма за социјално и емоционално учење низ образовниот процес.
Facebook share
294015316_169379675586014_6312116894283729312_n
311631933_190970540093594_7840801393955821647_n

Здравје и безбедност

Во Royal Kids House, здравјето и безбедноста на вашето дете се наш главен приоритет. Нашиот центар има строги насоки за чистота и безбедност и ние сме горди што сме препознаени како модел за здравје во нашата држава.
Нашиот дневен центар има сопствен двор, безбеден од сообраќај и претставува привлечен простор опремен со сопствена градина од овошје и зеленчук, со место за игра и рекреација.
Сведоштва

од родители