Да бидеме хумани

Нема димензија што може да ја измери или да ја опише хуманата вредност. Таа изникнува таму каде што е најпотребна, безусловно и без очекување за мерлив возврат, бидејќи големината што таа ја носи е немерлива.

Непроценливо е кога хуманото срце ќе заблеска како светол зрак низ темен тунел, таму каде што е најнеопходно.

Вчера, во старата чаршија, нашите Ројалковци заедно со учениците од ООУ ,,Ѓорче Петров” – Ропотово одржаа Новогодишен хуманитарен базар, чии средства ќе бидат донирани во Домот за доенчиња и мали деца – Битола❣️